ПРИВЕДЕН АЛБАНСКИ ДРЖАВЈАНИН ВО ТЕТОВО Поседувал оружје

На 13 јули 2025 година, околу 11:45 часот, тетовската полиција го приведе 32-годишниот Е.К. од Република Албанија, со престој во Тетово.
Приведувањето следело по претрес на неговиот дом, извршен со судска наредба, при што бил пронајден и одземен пиштол од марка „Зораки“ со празна рамка и 11 куршуми. За оружјето, лицето немало никаква дозвола ниту соодветна документација.
Е.К. е задржан во полициска станица, а по целосно расчистување и документирање на случајот, против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.
CATEGORIES Македонија


