ПРИТВОР ЗА СРПСКИ ДРЖАВЈАНИН При контрола на камион кој го управувал откриени 130 килограми марихуана
Дрогата била пронајдена во 14 торби скриени во камионот во сопственост на превозна компанија од Словенија.

Основното јавно обвинителство Куманово покрена истрага против српски државјанин осомничен за неовластено производство и промет на дрога.
На 29 октомври, на граничниот премин Табановце, во камион со словенечки таблички биле откриени 129,7 килограми марихуана скриени во 14 торби.
Царинските службеници ја пронашле дрогата при контрола на возилото, а обвинителството предложи притвор за осомничениот.
CATEGORIES Македонија


