ПРИТИСОК И ЗАКАНИ ВРЗ ТОМАС ВАЈЦ Бугарските европратеници бараат отфрлање на извештајот за Македонија
Прашање останува дали ќе се одржи гласањето за извештајот на 24 јуни, а конфликтот меѓу Софија и Скопје околу европската иднина на Македонија продолжува да биде една од најголемите политички тензији во регионот.

Известувачот на Европскиот парламент за Македонија, австрискиот пратеник од Зелените, Томас Вајц, стана цел на интензивна клеветничка кампања и закани од Бугарскиот политички блок.
Причина за конфликтот е неговото одбивање да попушти на силниот притисок од Софија околу извештајот за напредокот на Македонија на патот кон Европската унија.
Вајц во интервју за „Политико“ изјави дека е стандардна практика да се среќава со претставници од земјата кандидат, а не од соседните држави. Но, бугарските европратеници и официјални лица, кои поднеле четири амандмани со нагласување на македонскиот идентитет и јазик, побарале одложување на гласањето за извештајот, кое е веќе одложено до крајот на јуни.
Сите 17 бугарски европратеници го осудија Вајц во писмо адресирано до Европскиот парламент, обвинувајќи го за претерано влијание од македонската влада и игнорирање на проблемите на бугарското малцинство во Македонија. Од друга страна, Вајц тврди дека станува збор за обиди за заплашување, кампања со лажни обвинувања за корупција и пристрасност, кои имаат за цел да го забават процесот на пристапување на Македонија во ЕУ.
Ситуацијата ескалираше дополнително откако бугарскиот премиер лично ја контактираше претседателката на Европскиот парламент, Роберта Мецола, обидувајќи се да добие одложување на гласањето. Бугарските власти негираа дека таков повик се случил.
Вајц откри дека добил заканувачки пораки откако неговиот телефонски број се појавил на екстремно десничарски профили од Бугарија на социјалните мрежи.
Прашање останува дали ќе се одржи гласањето за извештајот на 24 јуни, а конфликтот меѓу Софија и Скопје околу европската иднина на Македонија продолжува да биде една од најголемите политички тензији во регионот.


