ПРИРОДАТА ГОРИ, ПОЖАРИТЕ НЕ СТИВНУВААТ – Пожари во два региони
Според последните информации од Центарот за управување со кризи, до 08:00 часот утринава се евидентирани вкупно 21 пожар, од кои 2 се сѐ уште активни, 1 е под контрола додека 18 се целосно изгаснати.

И понатаму се води борба со огнената стихија во неколку региони на земјава. Според последните информации од Центарот за управување со кризи, до 08:00 часот утринава се евидентирани вкупно 21 пожар, од кои 2 се сѐ уште активни, 1 е под контрола додека 18 се целосно изгаснати.
Активни пожари има во општина Велес помеѓу селата Џидимирци, Крушје и Иванковци. Огнот зафаќа мешана шума и се шири поради тешко пристапниот терен и ветерот. Исто така активни пожари има и во општина Македонски Брод во реонот меѓу селата Црешнево, Локвица, Крапа и Слатина. Пожарот зафатил деградирана дабова шума, како и грмушки и ниска вегетација, што дополнително ја отежнува интервенцијата.
Под контрола е ставен пожарот во општина Дојран кај селото Николиќ. Во гаснењето вчера учествуваа и две летала „Ер Трактор“, што значително помогна во стабилизирањето на ситуацијата.


