ПРИКАЗНАТА ЗА СИЛЈАН НА ТАМАРА КОТЕВСКА – Македонска премиера на 4 јануари

Ограничен број билети за свечената македонска премиера, филмот ќе биде прикажан по меѓународните премиери и фестивалски успеси.

ПРИКАЗНАТА ЗА СИЛЈАН НА ТАМАРА КОТЕВСКА – Македонска премиера на 4 јануари
Фото: Принтскрин

За македонската свечена премиера на документарниот филм „Приказната за Силјан“, во режија на Тамара Котевска, се пуштени ограничен број билети.

Премиерата ќе се одржи на 4 јануари 2026 година во 20:30 часот во Македонски народен театар, каде филмот ќе биде прикажан пред домашната публика по своите меѓународни премиери и фестивалски успеси.

Филмската екипа ќе присуствува на проекцијата и ќе ги поздрави гостите.

Билетите се достапни на платформата drugastrana.mk. Поради ограничениот капацитет на салата, бројот на билети е строго ограничен.

CATEGORIES
Share This