ПРИФАТИЛ ЛИ ПУТИН КОМПРОМИС ЗА ВОЈНАТА ВО УКРАИНА? – Украина требала да се откаже од целиот регион Донбас

Руски извори тврдат дека претседателот Владимир Путин прифатил одреден компромис во врска со територијалните барања кои Москва ги постави во јуни 2024 година.

ПРИФАТИЛ ЛИ ПУТИН КОМПРОМИС ЗА ВОЈНАТА ВО УКРАИНА? – Украина требала да се откаже од целиот регион Донбас

Руски извори тврдат дека претседателот Владимир Путин прифатил одреден компромис во врска со територијалните барања кои Москва ги постави во јуни 2024 година. Според нив, најновиот предлог предвидува Украина да се откаже од целиот регион Донбас, како и од областите Херсон и Запорожје, што би значело отстапување на четири територии под руска контрола.

Како дел од условите, Кремљ бара Киев да се откаже од аспирациите за членство во НАТО, да остане неутрален и да не дозволи присуство на западни војници на украинска територија. Веста ја пренесе „Ројтерс“, повикувајќи се на тројца добро информирани извори.

Прашањето било централна точка на тричасовниот разговор зад затворени врати меѓу Путин и американскиот претседател Доналд Трамп во Алјаска – прва билатерална средба меѓу Русија и САД по повеќе од четири години.

Во заедничката изјава по самитот, Путин изрази надеж дека разговорите ќе отворат пат за мир, но и тој и Трамп избегнаа да откријат детали од дискусијата.

Според изворите, најновиот руски предлог предвидува украинските сили целосно да се повлечат од деловите на Донбас што сè уште ги контролираат, додека во Херсон и Запорожје би се замрзнале постојните фронтовски линии.

CATEGORIES
Share This