ПРИФАТЕТЕ ГО НАПРЕДОКОТ Грчка пратеничка ја критикува цензурата на македонска музика во Лерин

Пратеничката Пети Перка од Флорина ја осуди цензура на македонската музика

ПРИФАТЕТЕ ГО НАПРЕДОКОТ Грчка пратеничка ја критикува цензурата на македонска музика во Лерин
Фото: Принтскрин

„Прифатете го напредокот, отфрлете ја цензурата. Не смее да се дозволи мракот и национализмот да го потиснат културното наследство, традицијата и уметничкото изразување на нашата заедница“, изјави Пети Перка, пратеничка во грчкиот парламент од изборната единица Флорина.

Во обраќање од говорницата на парламентот, Перка остро го критикуваше градоначалникот на Лерин, Василеос Гианакис, поради, како што рече, чин на цензура во пресрет на традиционалниот локален настан „Празник на огновите“.

Според неа, музичката група „Ендопика“, која требаше да настапи на градскиот плоштад, била спречена од градоначалникот да изведува песни на македонски јазик.

Перка го повика градоначалникот да се помири со современите општествени текови и истакна дека демократијата и културата подразбираат прифаќање на музиката и јазичната разновидност, а не нивно потиснување.

CATEGORIES
TAGS
Share This