ПРЕТСЕДАТЕЛКАТА НИ Е ЗАЧУДЕНА На Сиљановска Давкова не и било јасно зошто Таравари ја напуштил владата
Претседателката на државата, Гордана Силјановска Давкова, изрази зачуденост и несогласување со одлуката на досегашниот министер за здравство, Арбен Таравари, да ја напушти Владата

Претседателката на државата, Гордана Силјановска Давкова, изрази зачуденост и несогласување со одлуката на досегашниот министер за здравство, Арбен Таравари, да ја напушти Владата. Во своја изјава, таа посочи дека не го разбира мотивот зад ваквиот чекор и го оцени како невообичаен.
„Да бидам искрена, не го разбирам тоа што го направи. Не сум видела нешто слично – сите ние понекогаш менуваме став, но ова е ситуација каде што не е јасно кој е ставот и зошто. Тоа е крајно невообичаено“, изјави Силјановска Давкова.
Таа се осврна и на реакциите од ДУИ по нејзината претходна изјава дека не е потребно распишување предвремени избори доколку Владата обезбеди парламентарно мнозинство од 61 пратеник, дури и во случај албански пратеници да ја напуштат коалицијата.
„Не мислам дека ДУИ се во право со ваквите изјави. Но, кај нас, кога еднаш ќе се покрене лавина, таа лесно добива чудовишни димензии“, рече претседателката.
Осврнувајќи се на ставот на поранешен министер за надворешни работи, според кој евентуално распишување на заеднички парламентарни и локални избори би донело „четиригодишен мир“, Силјановска Давкова оцени дека таквата теза е нелогична.
„Не разбирам – значи, ако ДУИ е дел од власта, тоа гарантира мир? Тоа едноставно не држи логички“, изјави таа.


