ПРЕТРЕС ВО НЕГОТИНСКО Пронајдена дрога, лишено од слобода едно лице

На 04.01.2026 во 13:15 часот, полициски службеници од ОВР Неготино го лишија од слобода Ш.М.(50) од с.Тремник, неготинско. При претрес во неговиот дом и помошни простории, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени марихуана, семки и дигитална вага. Тој е приведен во полициска станица и по документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
CATEGORIES Македонија


