ПРЕТРЕС КАЈ ШЕФОТ НА КАБИНЕТОТ НА ЗЕЛЕНСКИ На повидок голем антикорупциски скандал
Скандалот вреден 100 милиони долари доведе до смена на двајца министри, а шемата наводно ја водел бизнисменот Тимур Миндич, кој избегал од Украина.

Украинските антикорупциски агенции извршија претреси во имотите на шефот на кабинетот на Зеленски, Андриј Јермак. НАБУ потврди дека се работи на случајот, поврзан со голем корупциски скандал во енергетскиот сектор. Иако во шемата се вмешани лица блиски до Зеленски, против Јермак досега нема обвиненија.
Тој изјави дека целосно соработува со истражителите. Скандалот вреден 100 милиони долари доведе до смена на двајца министри, а шемата наводно ја водел бизнисменот Тимур Миндич, кој избегал од Украина. Според НАБУ, група лица создала криминална мрежа за влијание врз државни енергетски компании, особено „Енергоатом“.
CATEGORIES Свет

