ПРЕСТРЕЛКА НА БИТ ПАЗАР Едно лице повредено

Очевидци за Национал изјавија дека двајца пукале еден кон друг.

ПРЕСТРЕЛКА НА БИТ ПАЗАР Едно лице повредено

Попладнево околу 14 часот на улицата „Војдан Чернодрински“, во близина на полициската станица Бит Пазар, се случила престрелка во која едно лице било повредено.

Од Министерството за внатрешни работи информираат дека по добиената пријава за пукање, полициски службеници веднаш излегле на терен. По пристигнувањето, било потврдено дека се работи за вооружен инцидент, во кој едно лице се здобило со повреди и било итно пренесено во Ургентниот центар при Комплексот клиники „Мајка Тереза“.

Очевидци за Национал изјавија дека двајца пукале еден кон друг.

Полициски службеници кои излегле на местото констатирале дека се работи за престрелка помеѓу две групи од по пет до шест лица, при што едно лице е повредено.

На местото на настанот полицијата пронашла повеќе чаури, а во тек е истрага за целосно расчистување на случајот.

Од МВР најавуваат дека се преземаат сите потребни мерки за откривање на сторителите и мотивите зад престрелката.

CATEGORIES
Share This