ПРЕСТИЈАНИ НЕГИРА – Никогаш не сум бил расист“
Натпреварот меѓу Бенфика и Реал Мадрид беше прекинат по голот на Винисиус Жуниор поради наводни расни навреди.

Фудбалерот на Бенфика, Џанлука Престијани, ги негираше обвинувањата дека упатил расни навреди кон Винисиус Жуниор за време на натпреварот против Реал Мадрид во Лисабон.
Првиот натпревар од плејофот на Лигата на шампионите заврши со победа на Реал од 1:0, со голот на Винисиус.
„Сакам да разјаснам дека никогаш не сум упатил расни навреди кон Винисиус. За жал, тој погрешно го протолкува она што мислеше дека го слушнал. Никогаш не сум бил расист кон никого и жалам за заканите што ги добив од играчите на Реал Мадрид“, напиша Престијани на социјалните мрежи.
Натпреварот беше привремено прекинат во 50. минута, веднаш по голот на Винисиус, поради наводни расни навреди кон Бразилецот. Според Жуниор, Престијани и дел од домашните навивачи го навредиле нарекувајќи го „мајмун“.
Реванш натпреварот ќе се одигра во Мадрид на 25 февруари.


