ПРЕСПА ИЛИ ПРИЗНАВАЊЕ КАКО МАКЕДОНИЈА – Ципрас призна колку блиску биле до капитулација
Според него, доколку се одложел процесот, Македонија можела да стане членка на НАТО под уставното име или, во најмала рака, под привремената референца, што пак ќе значело губење на позициите на Атина.

На седумгодишнината од потпишувањето на Договорот од Преспа, вреди да се потсетиме на искреното признание на тогашниот грчки премиер Алексис Ципрас до својот македонски колега Зоран Заев. Тој изјави дека договорот бил потпишан во вистински момент, бидејќи глобалните и регионалните околности не ѝ оделе во прилог на Грција.
„Не само што времето беше вистинско, туку ако не го потпишевме договорот тогаш, ситуацијата можеше да се влоши. Без оглед на тоа која партија би била на власт, Грција ќе се соочеше со силен меѓународен притисок да го прифати уставното име на соседната земја,“ рече Ципрас, седејќи до Заев на заеднички настан.