ПРЕСПА Е НАШЕТО НАЈСИЛНО ОРУЖЈЕ – Не го напаѓајте одличниот Преспански договор

Според него, критиките кон Преспа не ја засилуваат позицијата на Македонија, туку ја ослабуваат - особено кога станува збор за македонскиот идентитет на меѓународна сцена.

ПРЕСПА Е НАШЕТО НАЈСИЛНО ОРУЖЈЕ – Не го напаѓајте одличниот Преспански договор
Фото: Принтскрин

Поранешниот министер за надворешни работи и еден од потписниците на Преспанскиот договор, Никола Димитров, со остра критика и предлог како да се одговори на бугарските негирања на македонскиот јазик.

Во објава на Фејсбук, Димитров нагласува дека Преспанскиот договор е единствениот меѓународен документ каде македонскиот јазик е „чисто, признато и неспорно“ потврден – и токму затоа тој треба да се користи како аргумент во спорот со Бугарија.

„Фрапиран сум од обидите да се изедначат Преспанскиот договор и Францускиот предлог. Тие се спротивни по својата суштина,“ вели тој. „Со Грција постигнавме решение, со Бугарија имаме формализирано негирање – во кое македонскиот јазик се нарекува дијалект.“

Според него, Преспанскиот договор не само што го зачувува јазикот, туку беше и предуслов за членство во НАТО. Тој реагира и на изјавите на претседателката Сиљановска, која тврди дека договорот бил фокусиран само на ЕУ.

„Тоа е невистина. И НАТО и ЕУ беа дел од референдумското прашање. Без Преспа, денеска немаше да бидеме членка на НАТО – тоа е факт,“ вели Димитров.

Тој ја предупредува актуелната власт да биде претпазлива:

„Дали навистина мислите дека сега е моментот да се напаѓа единствениот договор што недвосмислено го штити македонскиот јазик?“

Според него, критиките кон Преспа не ја засилуваат позицијата на Македонија, туку ја ослабуваат – особено кога станува збор за македонскиот идентитет на меѓународна сцена.

CATEGORIES
TAGS
Share This