ПРЕПОРАКИ ОД ИЈЗ – Како да се заштитите од топлотниот бран

Во услови на високи температури, особено за време на топлотните бранови што не очекуваат во наредните денови, важно е да се преземат соодветни мерки за заштита на здравјето.

ПРЕПОРАКИ ОД ИЈЗ – Како да се заштитите од топлотниот бран

Една од клучните мерки е правилната и континуирана хидратација.

Во летните денови, препорачливо е да се пие најмалку 2 литри вода дневно за возрасни со просечна тежина од околу 70 кг. При повисоки температури и физичка активност, оваа количина треба да биде зголемена. Внесот на вода треба да биде рамномерен, без да се чека да се почувствува жед.

Избегнувајте пијалаци кои содржат висока количина на кофеин (како чај и кафе), засладени безалкохолни пијалаци и алкохол. Овие течности имаат диуретично дејство и можат да доведат до поголема загуба на течности од организмот, што може да предизвика дехидратација.

Работниците што се изложени на топлина и работат на отворено треба да пијат вода најмалку на секои 30 минути, по половина чаша.

Избегнувајте излегување во најжешките часови од денот, особено помеѓу 10 и 17 часот.

Особено внимателни треба да бидат децата, бремените жени, постарите лица и оние со хронични заболувања.

Ако работата мора да се изврши надвор, обидете се да го направите тоа во раните утрински часови кога е поладно.

Обезбедете редовни паузи, одмор и сенка за работниците на отворено.

Носете светла, лесна и широка облека направена од природни материјали.

Користете заштитни шешири и очила за сонце.

Нанесете крема за сончање со заштитен фактор најмалку 30 минути пред излегување на сонце и повторувајте го нанесувањето.

Разладете го домот со користење на постуден ноќен воздух за проветрување.

Затворете прозорци и ролетни во текот на денот, особено оние свртени кон сонце.

Исклучете што е можно повеќе електрични апарати што дополнително ја загреваат просторијата.

Никогаш не оставајте деца или животни во паркирано возило, дури и ако е само неколку минути.

Ако имате здравствени проблеми или симптоми поврзани со топлотен удар или исцрпеност, веднаш побарајте лекарска помош.

Следењето на овие препораки може значително да ги намали ризиците од последиците од екстремните горештини и да помогне да се зачува здравјето во периоди на високи температури.

CATEGORIES
Share This