ПРЕМИЕРОТ СО ПОРАКА Опозицијата сака да се врати на власт преку предавства и саботажи

Тој нагласи дека опозицијата, наместо да се консолидира и да застане во редовите на бранителите на македонските интереси, продолжува со политики кои, според него, ја довеле државата во сегашната ситуација.

ПРЕМИЕРОТ СО ПОРАКА Опозицијата сака да се врати на власт преку предавства и саботажи
Фото: Национал

Премиерот Христијан Мицкоски изјави дека Владата со месеци повикува на национален консензус за евроинтеграциите, додека, според него, опозицијата користи методи што нанесуваат штета на државните интереси.

„Повикуваме на национален консензус со месеци, но додека се бориме да ги вратиме позициите изгубени на меѓународната сцена, тие дејствуваат зад грб, мислејќи дека така ќе се вратат на власт. Но народот не заборава што се случуваше во изминатите седум години“ – рече Мицкоски по посетата на компанијата „Реплек“.

Тој нагласи дека опозицијата, наместо да се консолидира и да застане во редовите на бранителите на македонските интереси, продолжува со политики кои, според него, ја довеле државата во сегашната ситуација.

„Го изгубија кредибилитетот по две основи – распродавајќи ги националните интереси и преку корупција. Тоа се причините поради кои немаат поддршка од граѓаните“ – истакна премиерот.

Коментирајќи ја изјавата на лидерот на опозицијата Венко Филипче дека нема политичка волја за напредок во евроинтеграциите, Мицкоски кратко одговори дека не сака да ги коментира, како што ги нарече, „егзибициите на опозицијата“.

„Нивната политика на свиткана кичма, предавства и лесно потпишување договори ја доведе државата до оваа ситуација. Ние, како Влада, се бориме да ги повратиме изгубените позиции и да ја прикажеме вистинската слика за предизвиците со кои се соочуваме – рече Мицкоски.

Во однос на наводите дека Европската комисија во свој извештај предупредува на влијанието на „српскиот свет“, премиерот одговори дека не го видел извештајот, но отфрли такви тврдења.

„Не верувам дека такво нешто е содржано во официјален документ на ЕУ. Од контактите што ги имам со високи претставници, не само што нема основа за таква констатација, туку и иницијативи како „Отворен Балкан“ веќе се без значење“ – истакна Мицкоски.

CATEGORIES
Share This