ПРЕМИЕРОТ СО ПОДРШКА ЗА АРСОВСКА Ако има закани нека ги пријави, МВР мора да реагира

Арсовска во своите објави тврди дека добива и закани по животот, по што премиерот апелираше надлежните институции да реагираат.

ПРЕМИЕРОТ СО ПОДРШКА ЗА АРСОВСКА Ако има закани нека ги пријави, МВР мора да реагира
Фото: Национал

Мицкоски: ЈО и МВР да постапат по пријавите на Арсовска

Премиерот Христијан Мицкоски се огласи по повод последните случувања поврзани со градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска, која во изминатиот период преку социјалните мрежи јавно укажува на наводни дивоградби, главно во Општина Чаир, и влегува во отворен конфликт со градоначалникот на Чаир, Висар Ганиу.

Арсовска во своите објави тврди дека добива и закани по животот, по што премиерот апелираше надлежните институции да реагираат.

„Јас го охрабрувам Јавното обвинителство да постапува по пријавите од градоначалничката Арсовска. Ние не можеме да постапуваме или да не постапуваме селективно – законот треба да важи за сите“, изјави Мицкоски.

Тој додаде дека му е жал доколку Арсовска навистина добивала закани и ја повика истите да ги пријави во Министерството за внатрешни работи.

„МВР треба да постапува соодветно по таквите пријави“, истакна премиерот.

CATEGORIES
TAGS
Share This