ПРЕМИЕРОТ МИЦКОВСКИ ВО ПОСЕТА НА ТЕТОВО: Почнува реконструкцијата на гимназијата „Кирил Пејчиновиќ“
Со овој проект, училиштето кое има долга традиција и големо значење за регионот, ќе добие современи услови за настава, што, како што истакнуваат од Владата, ќе придонесе кон поквалитетно образование и подобра иднина за учениците.

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Христијан Мицкоски, денеска ќе го посети Тетово по повод почетокот на реконструкцијата на зградата на гимназијата „Кирил Пејчиновиќ“.
Според информациите од владината прес-служба, реконструкцијата претставува дел од пошироката владина програма за подобрување на условите во образовните установи низ државата.
Со овој проект, училиштето кое има долга традиција и големо значење за регионот, ќе добие современи услови за настава, што, како што истакнуваат од Владата, ќе придонесе кон поквалитетно образование и подобра иднина за учениците.
CATEGORIES Македонија


