ПРЕМИЕРОТ МИЦКОСКИ Владата постојано го зголемува стандардот на граѓаните преку повисоки плати

Зголемување на платите според четиригодишните договори со синдикатите

ПРЕМИЕРОТ МИЦКОСКИ Владата постојано го зголемува стандардот на граѓаните преку повисоки плати
Фото: Архива

Премиерот и претседател на ВМРО-ДПМНЕ истакна дека Владата останува цврсто посветена на подобрување на животниот стандард на граѓаните преку континуирано зголемување на платите и инвестиции во клучните сектори – образованието и здравството.

Тој нагласува дека зголемувањето на платите во овие сектори се спроведува според веќе потпишаните четиригодишни договори со репрезентативните синдикати.

„Зголемувањето на платите во здравството и образованието се реализира како резултат на договорите што ги имаме потпишано со синдикатите. За образованието, во периодот 2025–2027 година, платите ќе се зголемуваат за 7,5% до 10%, во зависност од капацитетот на буџетот, а во 2028 година зголемувањето ќе изнесува меѓу 10% и 12,5%“, изјави Мицкоски.

Тој потсети дека оваа година платите беа зголемени и за припадниците на Министерството за внатрешни работи и Министерството за одбрана, што според него е јасен показател за системски пристап кон унапредување на јавните плати.

„Слична формула имаме и со репрезентативните синдикати во здравството. Годинава зголемување добија и вработените во МВР и Армијата. Се грижиме за стандардот на граѓаните и на вработените во рамките на нашите можности, а ова ќе продолжи и во иднина, поддржано со активен социјален дијалог помеѓу работниците и работодавачите“, додаде Мицкоски.

CATEGORIES
Share This