ПРЕМИЕРОТ МИЦКОСКИ СЕ СРЕТНА ВО КРАЛОТ ЧАРЛС III Теми на разговорот биле стабилноста, развојот и заштитата на природата
Состанокот се одржа во рамките на Самитот за Западен Балкан – Берлински процес, што оваа година се организира во Лондон под покровителство на британскиот премиер Кир Стармер.

Премиерот Христијан Мицкоски во рамките на посетата на Лондон се сретна со Кралот Чарлс III. На средбата, како што информира Мицкоски, се разговарало за пријателството меѓу Македонија и Обединетото Кралство, стабилноста, развојот и заштитата на природата – теми на кои британскиот монарх традиционално посветува особено внимание.
„Разговаравме за пријателството помеѓу Македонија и Обединетото Кралство, за стабилноста, развојот и заштитата на природата, области на кои Кралот со години им посветува големо внимание. Оваа средба е признание и почит, но и поттик да продолжиме по патот на заедничките вредности, довербата и партнерството“, објави премиерот на својот Фејсбук-профил.
Состанокот се одржа во рамките на Самитот за Западен Балкан – Берлински процес, што оваа година се организира во Лондон под покровителство на британскиот премиер Кир Стармер.
Македонската делегација ја сочинуваат и вицепремиерот Александар Николоски, како и министрите Тимчо Муцунски, Гордана Кочоска Димитриеска и Орхан Муртезани. На самитот ќе се оценат резултатите од досегашната регионална соработка и ќе се постават насоките за натамошна интеграција на Западен Балкан.

