ПРЕМИЕРОТ МИЦКОСКИ ОТКРИВА – Владата на ДУИ и СДСМ препорача укинување на балансерот

Мицкоски уште додава дека Законот за правична застапеност доби позитивна оценка од Венецијанската комисија

ПРЕМИЕРОТ МИЦКОСКИ ОТКРИВА – Владата на ДУИ и СДСМ препорача укинување на балансерот
Фото: Национал

На денешната собраниска седница за пратенички прашања, претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, истакна дека граѓаните треба да ја знаат вистината: владата составена од ДУИ и СДСМ, со прв вицепремиер Артан Груби, е таа која препорача укинување на инструментот „балансер“. Според Мицкоски, за ова ДУИ им должи извинување пред граѓаните, особено Албанците.

„Не е точно дека со доаѓањето на оваа Влада е избришан инструментот балансер. Истината е дека Владата во која беше ДУИ, со Артан Груби како прв потпретседател, донесе одлука за негово укинување. Ова е потврдено и во скрининг извештајот на Европската Унија. Сите граѓани, без разлика на етничката припадност, заслужуваат да ја знаат оваа вистина“, нагласи премиерот, одговарајќи на пратеничко прашање од Рина Ајдари од ДУИ.

Мицкоски потсети дека Законот за правична застапеност добил позитивна препорака од Венецијанската комисија, а одлуките на Комисијата се спроведуваат согласно новата методологија на пристапување кон ЕУ, барана од Франција, и не подлежат на политичка дебата.

„Од една страна зборуваме за членство во ЕУ, а од друга, се критикува законот. Венецијанската комисија веќе даде позитивна препорака за усвојување на законот. Нема да навлегувам во етнички поделби – како премиер сум на сите граѓани, без разлика на политичка, етничка или верска припадност, и така ќе продолжам“, нагласи Мицкоски.

Тој посочи дека изнесувањето невистини од страна на пратениците на ДУИ нема да им донесе политички поени, туку ќе им одземе. Чесно и доблесно, според Мицкоски, би било тие да признаат дека владата во која ДУИ беше партнер со СДСМ е таа која препорача укинување на балансерот, додека судиите на Уставниот суд, избрани во истата влада, ја спроведоа таа одлука.

CATEGORIES
Share This