ПРЕМИЕРОТ МИЦКОСКИ Чесна даночна администрација клуч за силна економија

Нето наплатата на даноците и социјалните придонеси е зголемена за 260 милиони евра во споредба со лани.

ПРЕМИЕРОТ МИЦКОСКИ Чесна даночна администрација клуч за силна економија
Фото: Национал

Премиерот Христијан Мицкоски, во своето обраќање по повод Денот на даночните работници, нагласи дека силната економија и одржливите јавни финансии зависат од ефикасна и чесна даночна администрација. Тој ги претстави резултатите од наплатата на даноците и придонесите, кои, како што рече, ја потврдуваат стабилноста на економијата.

Според Мицкоски, од јануари до крајот на октомври нето наплатата на даноците и социјалните придонеси изнесува 3,6 милијарди евра – 260 милиони евра повеќе во однос на лани. Во истиот период е забележан пораст од над 6% кај даночната нето наплата и речиси 15% кај социјалните придонеси.

„Овие бројки покажуваат дека економијата расте, деловната активност се засилува, компаниите работат, а платите се зголемуваат, што придонесува и за повисоки буџетски приходи,“ изјави премиерот.

Тој додаде дека навременото плаќање на ДДВ се зголемило од 76% на 81%, што го оцени како доказ за поголема доверба помеѓу државата и бизнис-секторот.

CATEGORIES
TAGS
Share This