ПРЕМИЕРОТ МИЦКОСКИ – 150.000 пензионери веќе нема да примаат помалку од 15.000 денари

Околу 150.000 пензионери кои примаа 10–12 илјади денари, сега ќе имаат пензии од 17 до 19 илјади

ПРЕМИЕРОТ МИЦКОСКИ – 150.000 пензионери веќе нема да примаат помалку од 15.000 денари
Фото: Национал

Владата ја нагласува линеарната метода на зголемување на пензиите како главна мерка за трајно подигнување на животниот стандард на највозрасните граѓани. Премиерот Христијан Мицкоски, при посетата на Кочани, посочи дека процесот започнат во ноември 2024 година ќе биде завршен во април 2026 година, со што секој пензионер ќе добие вкупно зголемување од 7.000 денари.

„Важно е да се напомене дека околу 150.000 пензионери, пред почетокот на линеарното зголемување, примаа пензии од околу 10 до 12 илјади денари. Тоа претставува речиси половина од вкупно 330.000 пензионери во државата“, објасни Мицкоски.

Со целосното спроведување на мерката, сите пензионери веќе нема да примаат помалку од 15.000 денари.

„Со додадените 7.000 денари, пензиите ќе се движат од 17 до 19 илјади денари, што значително ја подобрува финансиската положба на оваа категорија граѓани. Како Влада, ќе продолжиме да работиме во таа насока“, додаде премиерот.

Мицкоски истакна дека линеарниот модел, за разлика од процентуалниот, директно помага во намалувањето на јазот меѓу богатите и сиромашните, обезбедувајќи поправедна распределба на средствата.

CATEGORIES
Share This