ПРЕМИЕРА НА ПИНОКИО ВО БИТОЛСКИОТ ТЕАТАР – Смеење, музика и важни пораки

На 28 февруари во 18:00 часот не пропуштајте ја најновата детска претстава!

ПРЕМИЕРА НА ПИНОКИО ВО БИТОЛСКИОТ ТЕАТАР – Смеење, музика и важни пораки
Фото: Принтскрин

Родители, деца, баби и дедовци,  време е за театарска магија што се памети! Запознајте го Пинокио, дрвеното момче со најголемото срце, најдолгиот нос и највозбудливите авантури.

На 28 февруари во 18:00 часот, во Народен театар Битола, доживејте ја најновата премиера,  претставата за деца „Пинокио“ од Карло Голдони, во режија на Деан Дамјановски.

Ве очекува смеење што не престанува, музика и шарени ликови и важни пораки за пријателство, храброст и вистина.

Главниот лик Пинокио го игра Никола Стефанов, а во претставата настапуваат и: Валентина Грамосли, Марјан Георгиевски, Јулијана Мирчевска, Маја Андоновска Илијевски, Катерина Аневска Дранговска и Александар Димитровски.

Композитор е Марјан Неќак, сценографијата е на Сергеј Светозарев а костимографија е на Андреј Ѓоргиевски

Од Театарската школа „Бабец“ настапуваат Софија Наумовска, Ана Анѓелевска, Веда Мавровска, Стефан Доневски, Матеа Василевска, Лина Трампевска, Николина Јанкоска, Ана и Марија Каранфиловска, Лина Христовска, Војдан Мавровски, Николај Илијевски.

Тон мајстор – Александар Димовски, светло мајстор Игор Мицевски, суфлер Мирјана Христовска и инспициент: Оливер Петровски

Не пропуштајте ја оваа експлозија од смеа, музика, боја и магија – Пинокио ве очекува!

CATEGORIES
Share This