ПРЕКРШУВАЊЕ НА БОНТОН Трамп пред кралот, Меланија без поклон

Поради високите безбедносни ризици и двата обиди за атентат врз Трамп во изминатата година, посетата на Обединетото Кралство се одвива без јавни настапи и под највисоки мерки на заштита

ПРЕКРШУВАЊЕ НА БОНТОН Трамп пред кралот, Меланија без поклон
Фото: Принтскрин

Претседателот на САД, Доналд Трамп, заедно со првата дама Меланија, престојува во Виндзор, а нивната средба со кралот Чарлс III веќе предизвика бурни реакции. Причината – кршење на строгите правила на кралскиот протокол, јавува Unilad.

По свечениот пречек од принцот и принцезата од Велс, Трампови се сретнале со кралот Чарлс и кралицата Камила. За време на прегледот на почесната гарда, Трамп одел пред кралот, дури и започнал разговор со еден од војниците – потег што се смета за сериозно прекршување на бонтонските правила. Традицијата наложува сите, вклучително и кралските членови, да чекорат зад монархот.

Социјалните мрежи експлодираа со коментари. „Трамп оди пред кралот. Срамота – нема почит ниту кон Чарлс, ниту порано кон покојната кралица“, напиша еден корисник на X.
Друг додаде: „Трамп е нарцис – тој не верува дека постои некој поважен од него.“
„Доналд Трамп што ја предводи британската армија и оди пред кралот кажува сè“, гласеше трет коментар, додека други ја оценија ситуацијата како „навреда за монархот“.

Корисници забележаа и дека Меланија не се поклонила пред принцезата Кејт ниту пред кралицата Камила. Но, кралската историчарка Марлен Кениг објасни дека тоа не претставува прекршок:
„Американците не подлежат на обврска да се поклонуваат, бидејќи нивната нација е изградена врз принципот дека сите луѓе се создадени еднакви. Актите на покорност како поклонување се спротивни на тие вредности“, изјави таа за HELLO!.

Поради високите безбедносни ризици и двата обиди за атентат врз Трамп во изминатата година, посетата на Обединетото Кралство се одвива без јавни настапи и под највисоки мерки на заштита. Програмата вклучува посета на гробот на кралицата Елизабета II, ручек со кралското семејство, воена церемонија и свечен државен банкет во чест на американскиот претседател и првата дама.

CATEGORIES
TAGS
Share This