ПРЕКИНИ ВО ЕЛЕКТРИЧНАТА ЕНЕРГИЈА Делови од Карпош и Кисела Вода без струја

Центарот за управување со кризи, по добиено известување од ЕВН Македонија АД, информира дека денеска дел од жителите на скопските општини Карпош и Кисела Вода ќе останат без електрична енергија поради технички зафати во дистрибутивната мрежа.
Во општина Карпош, во периодот од 09:00 до 15:00 часот, без струја ќе бидат корисниците на улицата Бриселска.
Во Кисела Вода, прекин на електрична енергија ќе има во периодот од 09:35 до 12:00 часот на улиците Студеничанска и Драчевска, како и во поширокиот реон околу улицата Јустинијан Први.
Од ЕВН апелираат граѓаните да имаат разбирање за времените прекини и најавуваат дека снабдувањето со електрична енергија ќе биде нормализирано веднаш по завршување на работите.
CATEGORIES Македонија


