ПРЕКИНИ ПОРАДИ ТЕХНИЧКИ ЗАФАТИ НА ЕВН МАКЕДОНИЈА Повеќе скопски општини денеска со планирани исклучувања на струјата

ПРЕКИНИ ПОРАДИ ТЕХНИЧКИ ЗАФАТИ НА ЕВН МАКЕДОНИЈА Повеќе скопски општини денеска со планирани исклучувања на струјата

Неколку скопски општини денеска ќе се соочат со привремени исклучувања на електричната енергија поради технички интервенции на ЕВН Македонија, соопштува Регионалниот центар за управување со кризи. Прекините ќе бидат реализирани во различни термини во текот на денот, во зависност од локацијата.

Во периодот од 08:00 до 11:00 часот, струја ќе нема за корисниците на улицата Павле Божинов во општина Гази Баба.
Од 08:00 до 12:00 часот, без електрична енергија ќе останат жителите на улиците 28 и 30 во селото Белимбегово, општина Илинден.

Прекин од 08:00 до 13:00 часот е најавен за корисниците на улицата Мирче Оровчанец во Центар, како и за дел од улицата Петар Манџуков во Бутел.

Во Шуто Оризари, корисниците на улицата Индира Ганди бр. 31 ќе останат без струја од 08:30 до 11:00 часот.

Во општина Ѓорче Петров, од 09:00 до 12:00 часот, прекин ќе има кај амбулантата и околните објекти.

Од 09:00 до 13:00 часот, струја ќе немаат дел од корисниците во Гази Баба – поточно во реонот на Жито Алтан, дел од Дрма и Живинарска Фарма.

Најдолгиот прекин е најавен за дел од селото Глуво во Чучер Сандево, каде што корисниците ќе останат без електрична енергија од 09:00 до 15:00 часот.

Регионалниот центар апелира граѓаните навреме да ги планираат своите обврски поради најавените технички зафати.

CATEGORIES
Share This