ПРЕКИН ВО ЕЛЕКТРИЧНАТА ЕНЕРГИЈА Делови од општините Илиненд и Кисела Вода без струја

Делови од општините Илинден и Кисела Вода денеска ќе бидат без електрична енергија поради планирани технички зафати во електродистрибутивната мрежа.
Како што информира Регионалниот центар за управување со кризи – Скопје, од 8:25 до 15:30 часот без струја ќе останат корисниците од улиците со број „10“, „513“, „517“, „529“ и „532“, како и објектите на фабриките „Хавеп“ и „Агрома“ во село Марино, општина Илинден.
Дополнително, во периодот од 9:00 до 13:00 часот, прекин во снабдувањето со електрична енергија ќе имаат и дел од корисниците од улиците „Томе Арсовски“ и „474“ во општина Кисела Вода.
Надлежните информираат дека електроснабдувањето ќе биде нормализирано веднаш по завршувањето на планираните работни активности.
CATEGORIES Македонија


