ПРЕГОВОРИТЕ ЗАВШРИЈА УСПЕШНО – Коман го напушта Баерн и се сели во Ал-Наср

ПРЕГОВОРИТЕ ЗАВШРИЈА УСПЕШНО – Коман го напушта Баерн и се сели во Ал-Наср

Францускиот репрезентативец Кингсли Коман (29) официјално ја завршува својата децениска етапа во Баерн Минхен и кариерата ќе ја продолжи во Ал-Наср од Саудиска Арабија.

Коман пристигна во Минхен во 2015 година како позајмен играч од Јувентус, а трансферот беше откупен две години подоцна. Најсветлиот момент во неговата баернска кариера дојде во 2020 година, кога го постигна победничкиот гол во финалето на Лигата на шампионите против ПСЖ, врежувајќи го своето име во историјата на клубот.

Во текот на 9-годишниот престој во Баерн, Коман одигра 339 официјални натпревари, постигна 72 гола и имаше 71 асистенција. Со германскиот гигант освои:

  • 9 титули во Бундеслигата
  • 1 Лига на шампиони
  • 1 Светско клупско првенство
  • 3 Купа на Германија
  • 6 германски Суперкупа
  • 1 Суперкуп на УЕФА

За време на престојот во Баерн, Коман дебитираше и за сениорската репрезентација на Франција, за која има 58 настапи и 8 голови. Со „петлите“ ја освои Лигата на нации во 2021 година, а беше и вицешампион на Светското првенство 2022 и на ЕУРО 2016.

CATEGORIES
Share This