ПРЕГОВОРИТЕ ВО ИСТАНБУЛ ПОД ЗНАК ПРАШАЛНИК Зеленски бара директна средба со Путин

И покрај резервите, Зеленски продолжува да инсистира на директна средба со рускиот претседател Владимир Путин, потенцирајќи дека само со него може да се води „сериозен разговор“ за прекин на војната.

ПРЕГОВОРИТЕ ВО ИСТАНБУЛ ПОД ЗНАК ПРАШАЛНИК Зеленски бара директна средба со Путин

Американски и европски претставници го убедиле украинскиот претседател Володимир Зеленски да не се повлече од мировните преговори со Русија во Истанбул, објави „Вашингтон пост“, повикувајќи се на извори блиски на разговорите.

Според наводите, Зеленски изразил длабоко незадоволство од текот на преговорите и размислувал целосно да го отфрли учеството на украинската страна во наредната рунда разговори. Тој, наводно, дури не сакал да овласти ниту делегација да замине за Турција. „Воопшто не гледаше цел да замине“, изјавил еден од западните дипломати.

Претставниците од САД и ЕУ силно инсистирале барем делегација од високи украински функционери да присуствува во Истанбул. Меѓу предложените членови биле шефот на кабинетот на Зеленски, Андриј Јермак, и заменик-министерот за надворешни работи, Андриј Сибиха. Но, украинскиот претседател се спротивставил и на оваа идеја.

Американскиот пратеник Стив Виткоф предупредил дека неиспраќањето делегација од страна на Украина би можело да ја остави Русија без дипломатски противтежи, а присуството на двете страни отвора можност за напредок, вклучително и можен прекин на огнот.

И покрај резервите, Зеленски продолжува да инсистира на директна средба со рускиот претседател Владимир Путин, потенцирајќи дека само со него може да се води „сериозен разговор“ за прекин на војната. „Потребно е да се разговара со оној кој ги носи конечните одлуки во Русија“, изјави еден украински функционер, додавајќи дека многу ќе зависи од тоа дали Путин ќе се појави лично во Турција.

Во меѓувреме, рускиот претседател Владимир Путин објави дека руската делегација ќе биде предводена од неговиот помошник Владимир Медински. Преговорите се закажани за утре во Истанбул, додека составот на украинската делегација сè уште не е официјално потврден. Зеленски, според неофицијални информации, се очекува доцна вечерва да пристигне во Анкара на средба со турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган.

CATEGORIES
Share This