ПРЕБЕГ НА ПРАТЕНИЦИ – Власта се приближува до условот за Бадентерово мнозинство

Владата веќе смета на поддршка од Мендих Тачи, Бејџан Илјаз и Сали Мурати, се преговора за уште двајца пратеници

ПРЕБЕГ НА ПРАТЕНИЦИ – Власта се приближува до условот за Бадентерово мнозинство
Фото: Принтскрин

Илир Демири, поранешен министер за здравство и пратеник од Европскиот фронт, официјално стана независен, што ја приближи власта до Бадентеровото мнозинство од 20 пратеници од немнозинските заедници.

Владејачката коалиција веќе смета на поддршка од Мендих Тачи (ДПА), Бејџан Илјаз (ДПТ) и Сали Мурати (Движење на Турците), а преговори се водат за уште двајца пратеници. Преку независни пратеници, Владата ќе може да ја прошири поддршката без формално вклучување на нови партии.

Пополнувањето на испразнетите позиции ќе се одвива со: Беким Сали како прв вицепремиер и Мухамед Хоџа како министер за животна средина. Сали би можел да го преземе и министерството за добро владеење, додека Фетаи би се преселил на европски прашања, а Муртезани на амбасадорска позиција во Брисел.

Бадентеровото мнозинство е клучно за усвојување на закони кои директно ги засегаат културата, употребата на јазиците, образованието, личните документи и употребата на симболите. Да потсетиме при ова (бадентерево) мнозинство, Собранието одлучува со мнозинство гласови од присутните пратеници, при што мора да има мнозинство гласови од
присутните пратеници кои припаѓаат на заедниците кои не се мнозинство во Република Македонија.

Секој од овие гласови од немнозинските пратеници ќе биде пресуден за спроведување на реформите и стабилноста на владејачката коалиција во наредниот период.

CATEGORIES
TAGS
Share This