ПОЗНАТИ ТЕРМИНИТЕ – Вардар првиот натпревар го игра во четврток од 20:30 часот

По убедливиот пласман во второто квалификациско коло од Конференциската лига, македонскиот фудбалски шампион ќе се соочи со еден од најдобрите клубови во Швајцарија — Лозана.
Првиот натпревар ќе се игра на 24 јули (четврток) на националната Арена „Тодор Проески“ во Скопје со почеток во 20:30 часот. Реваншот е закажан за 31 јули (четврток) на стадионот „Тулиер“ во Лозана, Швајцарија, со почеток во 20:15 часот.
Очекувањата се големи, а навивачите веруваат дека нашиот најтрофеен клуб ќе прикаже уште една одлична игра и ќе обезбеди пласман понатаму.
CATEGORIES Фудбал


