ПОЖАТОР ВО ТРУБАРЕВО ИЗГАСНАТ ПО 9 ЧАСА – Стефковски: Ова беше нарачан, свесен, човечки чин со огромни последици
По девет часа интензивна интервенција и преку 40 камиони земја истурени на локацијата во Трубарево, конечно е сопрен бел чадот и отстранет непријатниот мирис на изгорена пластика и кабли.

По девет часа интензивна интервенција и преку 40 камиони земја истурени на локацијата во Трубарево, конечно е сопрен бел чадот и отстранет непријатниот мирис на изгорена пластика и кабли. Градоначалникот на Гази Баба, Бобан Стефковски, соопшти дека состојбата е ставена под контрола, и упати јавна благодарност до инспекциските служби и јавните претпријатија за брзата и ефикасна акција.
„Иако работеа до два по полноќ, утрово повторно беа на терен и го открија изворот на загадувањето. Овојпат заслужуваат јавно признание“, изјави Стефковски.
Според првичните информации, непознат сторител намерно истурил и запалил отпад – главно автомобилски делови и кабли – што предизвикало сериозно загадување и ширење неподнослив мирис во делови од Гази Баба и Аеродром.
„Станува збор за свесен, нарачан чин со штетни последици по здравјето и животната средина. Ќе бараме целосно расчистување на случајот и казни за сторителите“, порача градоначалникот.


