ПОЖАРИ ВО ЗЕМЈАТА: Три активни, пет под контрола – Центарот за управување со кризи евидентираше 38 пожари во едно деноноќие

ПОЖАРИ ВО ЗЕМЈАТА: Три активни, пет под контрола – Центарот за управување со кризи евидентираше 38 пожари во едно деноноќие

Центарот за управување со кризи (ЦУК) утрово информираше дека во изминатото деноноќие се евидентирани вкупно 38 пожари на отворен простор. Од нив, три се сè уште активни, пет се ставени под контрола, а триесет се веќе изгаснати.

Моментално активни се следните пожари:
– Во општина Дојран, село Николич, каде гори нискостеблеста шума
– Во општина Велес, село Џидимирци, каде е зафатена мешана шума
– Во општина Македонски Брод, во реонот меѓу селата Црешнево, Крапа и Локвица, каде гори деградирана дабова шума и грмушки

Под контрола се:
– Два пожара во селото Слатина кај Македонски Брод, едниот во близина на Слатинските извори
– Еден шумски пожар кај селата Блаце и Горњани во Чучер Сандево
– Два пожара на депонии во селата Црнилиште и Дебреште, општина Долнени

Изгаснати се триесет пожари, меѓу кои повеќето се од помал обем и зафатиле ниска вегетација, депонии, стрништа, гранки или отпад. Регистрирани се пожари во речиси сите делови на земјата, од Скопје до Крива Паланка, од Ресен до Струмица. Во дел од нив биле зафатени и куќи, овоштарници или фабрички објекти.

ЦУК апелира до граѓаните да се воздржат од палење отпад и стрништа, особено во услови на топло и суво време, со цел да се спречи натамошно ширење на пожари. Институциите остануваат мобилизирани за брза интервенција каде што е потребно.

CATEGORIES
Share This