ПОЖАРИ НА ЧЕТИРИ ЛОКАЦИИ Најкритично во Јосифово и Визбегово

Денеска во Македонија беа регистрирани четири пожари, од кои два сериозно ја загрозија безбедноста на населените места, а еден сè уште се води како активен.

ПОЖАРИ НА ЧЕТИРИ ЛОКАЦИИ Најкритично во Јосифово и Визбегово

Денеска во Македонија беа регистрирани четири пожари, од кои два сериозно ја загрозија безбедноста на населените места, а еден сè уште се води како активен.

Во атарот на селото Јосифово, Општина Валандово, избувна голем пожар на отворен простор. Поради силниот ветар, огнот брзо се прошири и се доближи до првите куќи во селото. Поради сериозноста на ситуацијата, по иницијатива на градоначалникот, итно беше побарана поддршка од полициски хеликоптер. Благодарение на брзата и координирана интервенција на пожарникарите од Валандово, со помош од колегите од ТППЕ Гевгелија, пожарот беше ставен под целосна контрола за половина час. Хеликоптерот не мораше да интервенира, туку изврши само извидувачки лет.

На враќање, хеликоптерот го надлетал новиот пожар што избувнал во Општина Росоман, при што им доставил информации на кавадаречките пожарникари за критичните точки. Пожарот таму, и покрај неговото ширење, е под контрола и не беше потребна воздушна интервенција.

Во исто време, голем пожар избувна и на депонијата во Визбегово. Огнот брзо се прошири кон околните куќи, предизвикувајќи паника кај локалното население. Сепак, со навремена реакција на скопските пожарникари, пожарот беше локализиран. Иако огнот е ставен под контрола, и понатаму се забележува чад што излегува од внатрешноста на депонијата.

Пожарот кај селото Бешиште, кој започна вчера попладне во близина на границата со Грција, сѐ уште се води како активен. Иако во моментот нема отворено горење, службите остануваат на терен во готовност за можни нови активирања.

CATEGORIES
Share This