ПОЖАР ВО КУЌА ВО ПЕХЧЕВО Среќа без повредени

На 15 ноември 2025 година, во 09:50 часот, во Секторот за внатрешни работи Штип е пријавен пожар во куќа лоцирана на улицата „Првомајска“ во Пехчево. Куќата е во сопственост на 74-годишниот Д.А.
Пожарот е успешно изгаснат од страна на екипата на Територијалната противпожарна единица Штип, а за среќа, нема повредени лица. По настанот, извршен е увид за утврдување на причините за пожарот.
CATEGORIES Македонија

