ПОЖАР ВО ФАБРИКА ВО ВЕЛЕС, истиот локализиран по 6 часа

Гореле магацин со пластична амбалажа, фрижидери и канцеларии со документација. На терен сѐ уште има слаби чадења, па екипите остануваат присутни за спречување ново разгорување.

ПОЖАР ВО ФАБРИКА ВО ВЕЛЕС, истиот локализиран по 6 часа

Пожарот што избувна на 4 август во 22:00 часот во фабриката за прехранбени производи „Мирана“ во Велес е локализиран утринава во 04:00 часот, информира ЦУК повикувајќи се на податоци од СВР и ТППЕ Велес.

Гореле магацин со пластична амбалажа, фрижидери и канцеларии со документација. На терен сѐ уште има слаби чадења, па екипите остануваат присутни за спречување ново разгорување.

Во гаснењето учествувале три противпожарни возила со екипи од ТППЕ Велес, возило од ЈКП „Дервен“, две специјални возила на ДЗС и шест полициски службеници од СВР Велес.

CATEGORIES
Share This