ПОЖАР ГО ЗАТВОРИ ПАТОТ МАКЕДОНСКИ БРОД – СКОПЈЕ Зголемена фреквенција на границите

ПОЖАР ГО ЗАТВОРИ ПАТОТ МАКЕДОНСКИ БРОД – СКОПЈЕ Зголемена фреквенција на границите

Поради пожар во Националниот парк „Јасен“, регионалниот пат Р1106 Македонски Брод – Скопје е затворен за сообраќај за сите видови возила, информира Автомото сојузот на Македонија (АМСМ).

На останатите државни патишта сообраќајот се одвива непречено, по суви коловози.

Интензитетот на сообраќајот на патните правци надвор од градските средини е зголемен поради летните одмори. На ГП Табановце времето на чекање за влез во државата е околу 10 минути, додека на другите гранични премини од македонска страна нема подолги задржувања.

АМСМ препорачува прилагодена брзина, почитување на сообраќајната сигнализација и зголемено внимание, особено на делниците низ котлини, речни долини и клисури, каде постои опасност од одрони. Најризични се: Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

До 31 август важи забрана за движење на тешки товарни возила над 15 тони во викенди и денови со екстремно високи температури. Термините се:

  • Петок: 17:00 – 22:00 часот
  • Сабота: 09:00 – 18:00 часот
  • Недела: 09:00 – 22:00 часот

Во денови со екстремни температури, забраната важи и понеделник – четврток од 11:00 до 17:00 часот. Исклучок се возила со специфичен превоз (животни, храна, гориво, хуманитарна помош и др.).

До 1 септември, за викенди важи забрана за тешки товарни возила над 7,5 тони во следните термини:

  • Петок: 15:00 – 22:00 часот
  • Сабота: 07:00 – 12:00 и 18:00 – 24:00 часот
  • Недела: 07:00 – 22:00 часот

Оваа мерка е воведена за да се избегнат застои на патот кон Охрид и да се обезбеди побрз проток на туристите.

CATEGORIES
Share This