ПОВТОРНО ВО ФУНКЦИЈА – Автобуски линии Тетово – Попова Шапка

Од сабота, 17 јануари, жителите на Тетово ќе можат да патуваат кон Попова Шапка со два термини, по цена од 200 денари

ПОВТОРНО ВО ФУНКЦИЈА – Автобуски линии Тетово – Попова Шапка
Фото: Принтскрин

Општинското претпријатие за јавен превоз „Тетово Транспорт“ од сабота повторно ќе ја воведе автобуската линија Тетово – Попова Шапка и обратно.

Патниците ќе можат да се качат во автобусот од Тетово кон Попова Шапка во два термини: во 08:00 и во 10:00 часот. Враќањето од скијачкиот центар ќе биде во 14:45 и во 16:00 часот. Повратниот билет чини 200 денари.

„Од сабота, 17 јануари, линијата ќе функционира исклучиво за време на викендите. Ги повикуваме сите граѓани да го користат јавниот превоз за намалување на сообраќајниот метеж и за заштита на животната средина“, соопшти Општина Тетово.

За разлика од минатата скијачка сезона, кога имаше четири линии дневно (08:00, 10:00, 12:00 и 15:30), оваа сезона автобусите ќе сообраќаат само во два термини.

CATEGORIES
Share This