ПОВЛЕКУВАЊЕ НА ДРЕСОТ СО БРОЈ 11 – Јужната трибина да се вика Васил Рингов
Рингов одигра повеќе од 200 натпревари и постигна 93 голови

Фото: Принтскрин
На вчерашната комеморација во чест на починатиот Васил Рингов, ФК Вардар поднесе иницијатива јужната трибина на стадионот „Тодор Проески“ да го носи неговото име.
Легендата на Вардар одигра повеќе од 200 натпревари во „црвено-црниот“ дрес и постигна 93 голови. Вардарци на комеморативната седница во хотелот „Хилтон“ испратија посебни пораки во негова чест.
Клубот исто така одлучи да го повлече дресот со број 11, кој повеќе никој нема да го носи во Вардар како знак на почит кон Рингов.
CATEGORIES Фудбал
TAGS Топ вест


