ПОВЕЌЕ ОД 50.000 МИГРАНТИ ВО БиХ – Додик најавува одбрана на Република Српска и нема да прифаќа мигранти од Британија

Претседателот посочи дека темата треба итно да биде разгледана во рамките на редовната седница на Народното собрание, без потреба од свикување посебна седница, но со ставање на ова прашање на врвот на дневниот ред.

ПОВЕЌЕ ОД 50.000 МИГРАНТИ ВО БиХ – Додик најавува одбрана на Република Српска и нема да прифаќа мигранти од Британија
Фото: Агенција Срна /Принтскрин

Претседателот на Република Српска, Милорад Додик, денеска достави иницијатива до Народното собрание за разгледување на информации поврзани со миграцијата, со цел донесување превентивни мерки по најавите дека повеќе од 50.000 мигранти би можеле да бидат префрлени во Босна и Херцеговина од страна на Велика Британија и некои земји од ЕУ.

„Се работи за мигранти од трети земји, дел од кои не добиле азил или во меѓувреме сториле кривични дела. Предложив заклучоци со кои Српска нема да прифати никакви договори со трети земји во врска со нивното сместување на наша територија“, изјави Додик.

Тој истакна дека присуството на таква популација претставува ризик за секојдневниот живот и безбедноста на граѓаните, особено поради потенцијалната поврзаност со радикални структури кои веќе делуваат во регионот.

„Западот не беше во можност навремено да ги идентификува безбедносно сомнителните лица, а сега сака да ги испорача овде, што претставува дополнителна безбедносна закана“, додаде Додик.

Претседателот посочи дека темата треба итно да биде разгледана во рамките на редовната седница на Народното собрание, без потреба од свикување посебна седница, но со ставање на ова прашање на врвот на дневниот ред.

CATEGORIES
TAGS
Share This