ПОВЕЌЕ НАТПРЕВАРИ, ПОВЕЌЕ ДРАМА Евролига се прошитува со 20 екипи
Проширувањето на 20 екипи претставува значаен чекор во развојот на елитното европско кошаркарско натпреварување и најавува нова ера со зголемена конкуренција и поголем број квалитетни натпревари.

Одборот на акционери на комерцијалните средства на кошаркарската Евролига одржа состанок на кој беа разгледани клучни стратешки иницијативи за идниот развој на натпреварувањето. Како што објави Евролигата на својата официјална интернет-страница, едногласно бил одобрен предлогот за проширување на натпреварувањето на 20 клуба, почнувајќи од сезоната 2025/2026.
Овој предлог ќе биде поднесен на разгледување и конечна ратификација пред Генералното собрание на организацијата. Паралелно со тоа, Одборот се согласи да изготви прелиминарна листа на потенцијални учесници во новиот проширен формат, која ќе биде условена со завршување на сите неопходни формалности.
Дополнително, за време на состанокот се одржаа и првични дискусии за можноста од понатамошно проширување на Евролигата во сезоните по 2025/2026, со цел натпреварувањето да продолжи да се развива и да ја зголемува својата привлечност и конкурентност.
Во последните неколку сезони, поточно од 2019/2020 година, Евролигата броеше 18 учесници, во споредба со претходниот формат со 16 екипи. Клубовите играа во лига-систем, двокружно секој со секого, по што најдобрите осум обезбедуваа пласман во четвртфиналето. Во последните две сезони, шест клуба директно влегуваа во плејофот, додека останатите две места беа пополнувани преку дополнителен плеј-ин турнир меѓу екипите рангирани од седмото до десеттото место.
Проширувањето на 20 екипи претставува значаен чекор во развојот на елитното европско кошаркарско натпреварување и најавува нова ера со зголемена конкуренција и поголем број квалитетни натпревари.


