ПОТВРДЕН НАСЛЕДНИКОТ НА ХАМНЕИ – Советот на експерти донесе одлука
Мнозинството го одобри најсоодветниот кандидат за наследник на Али Хамнеи.

Советот на експерти на РАНА, телото задолжено за избор на нов врховен лидер на Иран, донел одлука за наследникот на Али Хамнеи, иако името сè уште не е официјално објавено, соопштија членовите на телото.
„Одреден е најсоодветниот кандидат, кој доби одобрување од мнозинството во Советот на експерти“, изјави Мохсен Хејдари, член на телото и претставник на покраината Хузестан, пренесува Ал Џезира.
Друг член на Советот, Мохамед Мехди Мирбагери, потврди преку видео објавено од иранската новинска агенција Фарс дека „е постигнат цврст консензус кој ја отсликува волјата на мнозинството“.
Изборот на нов врховен лидер следува по смртта на претходниот водач, ајатолахот Али Хамнеи, кој беше убиен на 28 февруари во текот на почетокот на нападите од САД и Израел врз Иран.


