ПОТПИШАН ДОГОВОР ПОМЕЃУ МАКЕДОНИЈА И БУГАРИЈА Железничко поврзување со меѓуграничен тунел

Коридорот 8 ќе ги поврзува Јадранското и Црното Море, обезбедувајќи ѝ на Македонија директен излез на два брега и зголемена економска конкурентност.

ПОТПИШАН ДОГОВОР ПОМЕЃУ МАКЕДОНИЈА И БУГАРИЈА Железничко поврзување со меѓуграничен тунел

Македонија и Бугарија потпишаа договор за железничко поврзување преку меѓуграничен тунел долг 2,4 километри на Коридорот 8. Договорот, потпишан на железничката станица Ѓуешево од вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски и бугарскиот министер за регионален развој Гроздан Караџов, ќе овозможи возна линија од Скопје до Софија.

Коридорот 8 ќе ги поврзува Јадранското и Црното Море, обезбедувајќи ѝ на Македонија директен излез на два брега и зголемена економска конкурентност. Европската комисија го оцени проектот како стратешки важен за целиот Западен Балкан.

Од македонска страна, пругата Куманово–Бељаковце веќе функционира, втората фаза до Крива Паланка е во изградба, а за третата – до границата и тунелот – наскоро ќе се избере изведувач.

CATEGORIES
Share This