ПОСЕН ДЕН, СЛАДОК ЖИВОТ – Обичаите на утрешниот Младенци

Спомен на светите четириесет Севастиски маченици од 320 година.

ПОСЕН ДЕН, СЛАДОК ЖИВОТ – Обичаите на утрешниот Младенци
Фото: Принтскрин

Утре православните верници ќе го прослават празникот Младенци, кој се одбележува во спомен на страдањата на светите четириесет Севастиски маченици од 320 година. Празникот го симболизира пролетта, младоста, љубовта и верноста на младите брачни парови.

На овој ден младите сопружници примаат гости во својот дом, кои носат подароци за поддршка на новиот заеднички живот. Домаќинките ги покажуваат своите умешности, а сите јадења се посни, бидејќи празникот секогаш се паѓа за време на Велигденските пости.

Најпознат обичај е жените да месат младенчиња, колачиња од пченично брашно, премачкани со мед, кои се нудат на гостите и симболизираат среќен и долг брачен живот.

Црквата преку овој празник ги потсетува сопружниците дека љубовта и верноста треба да останат силни и непоколебливи, како што мачениците останале верни на Христос до последниот здив.

CATEGORIES
Share This