ПОСЕБЕН РЕЖИМ НА СООБРАЌАЈ ВО СКОПЈЕ лидерската средба ЕУ – Западен Балкан
Од Министерството за внатрешни работи информираат дека СВР Скопје, преку Единицата за безбедност на патниот сообраќај, ќе преземе мерки за ограничување и пренасочување на сообраќајот на поширокото централно подрачје на градот на 30 јуни (понеделник) и 1 јули (вторник).

Во главниот град денеска и утре ќе се спроведува посебен режим на сообраќајот поради одржување на високата лидерска средба меѓу Европската Унија и земјите од Западен Балкан.
Од Министерството за внатрешни работи информираат дека СВР Скопје, преку Единицата за безбедност на патниот сообраќај, ќе преземе мерки за ограничување и пренасочување на сообраќајот на поширокото централно подрачје на градот на 30 јуни (понеделник) и 1 јули (вторник).
Од МВР апелираат до граѓаните и сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат наредбите од полициските службеници, кои ќе бидат распоредени на клучни локации со цел одржување на јавниот ред и непречено одвивање на настанот.
Граѓаните се повикуваат да користат алтернативни правци на движење и доколку е можно да избегнуваат патување во централното градско подрачје во текот на деновите на одржување на средбата.


