ПОРАНЕШНИОТ БРИТАНСКИ ПРЕМИЕР ЏОНСОН ТАЖЕН ПОРАДИ УКРАИНА Според анкетите интересот за Украина опаднал
Анкетите покажуваат пад на поддршката: во 2023 година мнозинството Британци сметале дека помошта е недоволна, додека сега сè повеќе граѓани веруваат дека се дава преголема поддршка.

Поранешниот британски премиер Борис Џонсон изрази жалење поради намалениот интерес на Велика Британија за поддршка на Украина, оценувајќи го како „навистина тажен“.
Во интервју за Телеграф, Џонсон рече дека вниманието на владата на Кир Стармер е насочено кон тешки домашни прашања, поради што поддршката за Украина слабее.
Анкетите покажуваат пад на поддршката: во 2023 година мнозинството Британци сметале дека помошта е недоволна, додека сега сè повеќе граѓани веруваат дека се дава преголема поддршка.
Британија досега ветила 18,3 милијарди фунти помош за Украина. Новата влада најави зајакнување на координацијата со Киев, што Москва го оцени како подготовка за воена интервенција.
Џонсон, кој поднесе оставка во 2022 година, беше обвинет дека ги спречил мировните преговори меѓу Киев и Москва во Истанбул.


