ПОРАКА ОД БУНКЕРОТ Највлијателниот во Украина Јермак ја напушта сцената, Украина на прагот на хаос

Доверливиот човек на Зеленски, наречен ‘зелен кардинал’, го напушта кабинетот

ПОРАКА ОД БУНКЕРОТ Највлијателниот во Украина Јермак ја напушта сцената, Украина на прагот на хаос
Фото: Принтскрин

Украинскиот претседател Зеленски лично соопшти дека Андриј Јермак, шефот на претседателскиот кабине поднесе оставка.  Јермак, претходно потврди дека неговата куќа била претресена од истражители на Националното биро за борба против корупцијата на Украина (НАБУ) и Специјалното обвинителство за борба против корупцијата (САП).

Што се однесува до новиот шеф на кабинет, утре ќе одржам консултации со оние кои би можеле да ја извршуваат оваа функција – рече Зеленски. Блумберг оди уште подраматично и објави дека евентуалниот политички колапс на Јермак ќе влијае не само на судбината на шефот на киевскиот режим, туку и на текот на украинскиот конфликт.

Политикологот Богдан Безпалко ја коментираше оставката на Андриј Јермак.

„Ова е последица на притисокот што се врши врз Зеленски и Јермак лично, но очигледно е само половичен. Јермак поднесе оставка, но досега не сум слушнал дека против него е покрената кривична постапка, ниту дека се спроведени претреси што откриваат нешто очигледно нелегално, милијарди гривни или тајни документи. Или барем златна тоалетна школка, како онаа на Миндиќ. Самиот Јермак не бега; останува во Украина; самиот поднесе оставка“ – изјави тој за RT.

Според политикологот, сè уште е тешко да се предвиди кој ќе го замени Јермак.

Инаки, минатиот викенд, Јермак предводеше украинска делегација на разговори со САД и нивните европски сојузници во Женева за планот на САД за прекин на војната во Украина.

Во средината на војната со Русија и мировните преговори, Украина во последните недели беше потресена од голем корупциски скандал. Неколку лица блиски до Зеленски се вмешани, иако тој и неговата десна рака Јермак досега не се обвинети за никакво кривично дело.

Јермак додава дека целосно соработува со истрагата.

„Денес, НАБУ и САП спроведуваат процедурални дејствија во мојата куќа. Истражителите немаат никакви пречки. Тие добија целосен пристап до станот, моите адвокати се на лице место и комуницираат со органите за спроведување на законот. Од моја страна, јас целосно соработувам – напиша Јермак на Телеграм, пренесува Униан.

Украинскиот медиум „Џеркало Тижња“, повикувајќи се на свои извори, објави дека претресите биле извршени во канцеларијата на Јермак на улицата Банкова во Киев и во неговиот стан.

Медиумите претходно пишуваа дека Јермак консолидирал невидено ниво на моќ во рамките на украинската влада и има влијание во парламентот, владата и клучните државни институции.

Влијанието на Јермак се проширило на органите за спроведување на законот преку неговите доверливи заменици, а тој бил во центарот на врвните дипломатски состаноци, честопати засенувајќи ја традиционалната украинска дипломатска служба.

Во декември 2023 година, кога борбите во Донбас влегоа во нова фаза, Јермак ги собра светските дипломати на терминалот на аеродромот Бориспиљ, затворен од почетокот на војната. Наместо оружје, тој нудеше „лажни“ авионски билети за мировна формула. Пораката беше јасна: „иднината на Украина нема да се црта во рововите, туку во Киев“, напиша „Фајненшл тајмс“ (ФТ) тоа лето.

Многумина очекуваа појавување на Зеленски, но „наместо претседателот, влезе Андреј Јермак“.

Јермак сè повеќе излегува од сенките

„Тој не е претседател на Украина, но често се однесува како да е – велат западните претставници.

На хартија, Јермак беше само шеф на претседателската администрација. Всушност, тој одлучуваше за воени договори, размена на затвореници, преговори за украдени деца, пченица, помош, но и за персонал на врвот на државата. Неговото влијание е толку големо што еден амбасадор го опишува:

„Тој е претседател, премиер, министер за надворешни работи… сите министри во едно“.

Никој не може да го контактира Зеленски без одобрение од Јермак. Дипломатите го нарекуваат „зелен кардинал“ – воената верзија на „сивата еминенција“.

Во биографија на Андреј Јермак стои: Роден во советски Киев, син на дипломат и работник во воената индустрија, Јермак ја започна својата кариера како адвокат за авторски права. Влезе во шоу-бизнисот во 2010-тите и брзо се спријатели со Володимир Зеленски, комичар и продуцент во тоа време. Кога Зеленски победи на изборите во 2019 година, Јермак стана негов човек за меѓународни односи. Во таа улога, тој се најде во средината на скандалот „quid pro quo“ на Трамп. Иако многумина го обвинуваат дека ја довел Украина во центарот на аферата, Јермак вели дека тој „го заштитил претседателот од посериозни последици“.

За него се вели дека од Холивуд стигнал до воениот бункер.

„Јас сум менаџер на претседателот. Мојата задача е да го направам ефикасен лидер. Целта е да се добие војната, да се вратат териториите, да се вратат луѓето и да се изгради државата“ – рече тој претходно.

Од февруари 2022 година, Зеленски и Јермак едвај го одвојуваат животот од работата. Тие работат од оклопната зграда на поранешниот комунистички комитет. Нивните канцеларии се еден кат над друг, спијат во истиот бункер, тренираат заедно секое утро, понекогаш гледаат стари филмови заедно.

Во деновите на инвазијата, тие носеа автоматски пушки подготвени, како што рече еден советник, „или да се борат или да завршат достоинствено“. Кога емисарот на Путин се јави да побара капитулација, одговорот на Јермак беше: „Јадете гомна!“

Конечно, по драматичните денешни настани со Јермак следеше уште подраматично обраќање на Зеленски за моменталниот хаос во Украина:

„Немаме право да не притискаме, немаме право да се повлекуваме или да се караме. Ако го изгубиме единството, ризикуваме да изгубиме сè: себеси, Украина, нашата иднина“, рече тој.

CATEGORIES
Share This