ПОПОВА ШАПКА НАЈСТУДЕНА Денес без минусни температури

Утрово во земјава не се регистрирани минусни температури, а најстудено е на Попова Шапка, каде што се измерени 0 степени Целзиусови.
Според утринските мерења, 4 степени се измерени во Крушево и Лазарополе, 5 степени во Маврови Анови, 7 во Претор, додека 8 степени се регистрирани во Берово и Куманово. Температура од 9 степени е измерена во Тетово, Охрид, Прилеп, Битола и Гевгелија. Во Скопје – Зајчев Рид и Струмица утринската температура изнесува 10 степени, 11 степени се измерени во Кавадарци, а 12 во Крива Паланка, Штип, Велес и Виница. Најтопло утрово е во Скопје – Петровец и Демир Капија, каде термометрите покажале 13 степени.
Во текот на денот времето ќе биде променливо облачно, со повремени локални врнежи од дожд. Ќе дува умерен, а наместа и повремено засилен ветер од јужен правец, со брзина која на одделни места ќе надмине 60 километри на час. Максималните дневни температури ќе се движат во интервал од 9 до 14 степени.
Во Скопје се очекува променливо облачно време, со услови за повремен дожд во делови од котлината. Ќе дува умерен до засилен јужен ветер, а максималната температура ќе достигне до 14 степени.


