ПОПЛАДНЕВО И ВЕЧЕРВА Силни грмежи, ветер и појава на град

Температурите остануваат вообичаени за овој период од годината, без значајни промени, и ќе се движат во интервал од 27 до 34/35°C.

ПОПЛАДНЕВО И ВЕЧЕРВА Силни грмежи, ветер и појава на град
Фото: Социјални мрежи

Под влијание на фронтално пореметување – односно атмосферски фронт со продор на поладна воздушна маса на висина, над нашето подрачје се очекува постепена дестабилизација на атмосферата.

Во текот на попладневните и раните вечерни часови, локално ќе се развиваат нестабилни конвективни облаци, проследени со поројни врнежи од дожд, грмежи и засилен ветер. Атмосферата ќе биде енергетски „наелектризирана“, што дополнително ќе придонесе дел од нестабилностите да се развијат во поинтензивни невремиња, со електрични празнења, силен ветер и појава на град, кој на одредени места може да биде со поголема големина.

Слична ситуација се очекува и во делови од Скопскиот регион, каде попладне и навечер е можно локално невреме, проследено со дожд, грмежи и силен ветер.

Температурите остануваат вообичаени за овој период од годината, без значајни промени, и ќе се движат во интервал од 27 до 34/35°C. Во Скопје максималната температура ќе достигне околу 34 до 35°C.

CATEGORIES
Share This